Поранешниот вардарец, Игор Карачиќ загуби во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) со Кјелце од Барселона по изведување на пенали.

Карачиќ вели дека пеналите се рулет и е разочаран поради поразот, но се надева на нов настап на Ф4-турнирот со Кјелце.

„Пеналите се рулет, Барселона имаше повеќе среќа. Треба да сме горди, цела сезона игравме одлично и се боревме до крајот. Се надевам дека следната сезона ќе играме на Ф4 и ќе се бориме за европската титула“, кажа Карачиќ.