Основачот на „Luxottica“ и претседател на компанијата „EssilorLuxottica“, денес најголем дистрибутивен систем во светот на оптиката, починал денеска наутро на 87 години во Сан Рафаеле во Милано.

Леонардо дел Векио бил италијански бизнисмен и милијардер, основач и претседател на компанијата „Luxottica“, најголем светски произведувач и продавач на очила и рамки, со 77.734 вработени и повеќе од 8.000 продавници. На 9-ти април 2021-ва година „Bloomberg billionaires index“ проценил дека Дел Векио има нето вредност од 32,7 милијарди долари, што го прави втор најбогат човек во Италија и 41-ви најбогат човек на светот.

Леонардо дел Векио е роден во 1935-та година во Милано, Италија, во сиромашно семејство од Барлета. Ја почнал својата кариера како чирак кај произведувач на алати и матрици во Милано, но одлучил своите вештини за обработка на метали да ги претвори во изработка на делови за очила.

Во 1961-ва година се преселило во Агордо во провинцијата Белуно, каде се наоѓа поголем дел од италијанската индустрија за очила. Новата компанија била „Luxottica s.a.s“. Во 1967-ма година почнал да продава комплетни рамки за очила под брендот „Luxottica“, а во 1971-ва година влегува во работата со производство на контактни леќи.

Во 1974-та година ја купил Скароне, дистрибутивна компанија. Во 1981-ва година компанијата ја основала својата прва меѓународна подружница во Германија. Договорот за лиценцирање со дизајнерот Џорџо Армани бил направен во 1988-ма година. Компанијата се приклучила во MIB-30 (сега S&P/MIB) индексот во септември во 2003-та годона. Листингот ја подобрил способноста на компанијата да купи други брендови, почнувајќи од италијанскиот бренд „Vogue 1990“, „Persol“ и „US Shoe Corporation“ во 1995-та година, „Ray-Ban“ во 1999-та година и „Sunglass Hut, Inc“ во 2001-ва година.

Барале повеќе малопродажни компании, па ја купиле „OPSM“ од Сиднеј, „Pearle Vision“, „Surfeies“ и „Cole National“. Го купиле „Oakley“ во договор од 2,1 милијарда долари во ноември 2007-ма година. Дел Векио поседува 10 проценти од уделот во италијанската инвестициска банка „Mediobank“.