Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ужива на одмор, а сите забележаа еден детаљ кај неа. Анастасија објави фотографија на Инстаграм во опуштен стил, пуштена коса, а над главата носеше марама од позната марка.

Инаку, Анастасија потрошила околу 500 евра за ова модно парче кое го носела на Ибица.

Под објавата на Инстаграм комплименти на Ражнатовиќ оставија Милица Тодоровиќ, Дајана Пауновиќ и Емина Јаховиќ. Инаку, откако се одмори на Ибица и ги почести следбениците со жешки фотографии во бикини, Анастасија Ражнатовиќ накратко се врати во Белград и веднаш ги посети својот козметичар и фризер.

Иако никогаш не ја променила драстично фризурата, пејачката малку експериментирала и додала светли прамени.