Претседателот на ДС и коалициониот партнер на Владата, Павле Трајанов бара референдум за францускиот предлог – мислењето на граѓаните да биде крајниот и одлучувачки фактор за предлогот, кој сепак треба да помине низа филтри. Според Трајанов, првиот предлог кој беше одбиен во Брисел од премиерот и сегашниот немаат суштински разлики.

Целиот пакет, вклучително и протоколот, треба да се објави во изворна(оргинал) форма и да се преведе на македонски јазик за да може секој граѓанин да изгради свој став.Неопходна е широка расправа во општеството, потоа во Парламентот и за ставот што ќе го изрази Парламентот, да се изјаснат граѓаните на референдум. Се работи за стратешки и национални прашања за кои треба поширок консензус. Владата треба трпеливо и одговорно да ги анализира сите реакции на граѓаните, експертите, невладиниот сектор и партиите и на крај да изгради свој став, за кој ќе се отвори расправа во Собранието.

Од ДОМ пак, сеуште го разгледуваат предлогот.

Од ЛДП денеска денеска не сакаат да го коментираат последниот предлог од Париз, иако тие беа првите кои остро се спротиставија на првиот предлог и најавија напуштање на влдината коелиција доколку се прифати.

Од ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања на адреса на власта дека ги прифатила сите бугарски барања.

Од СДСМ велат дека се потонати во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација.

Поддршка јавно даде партијата на Љубчо Георгиевски, посочувајќи дека во новиот изменет француски предлог нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет.