Денеска Христијан Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија, се наведува во партиската реакција.

Со денешното признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ.

Денеска Мицкоски дејствуваше заедно со својот коалициски партнер Левица предводена од Димитар Апасиев која е единствената партија со отворена поддрка за руската агресија врз Украина.

Лажните вести што синхронизирано се шират овие денови на дело ја потврдија и анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Мицкоски и Апасиев се само истурен дел од оваа коалиција чија цел е државата да биде закочена, да има тензии и да бидеме оддалечени од демократскиот свет.

Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега.

Протест за кое било прашање е уставно гарантирано право, но процесот на широки консултации се уште е во тек со сите политички и општествени чинители.