Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, заедно со својот син Иван Иванов денеска зедоа учество на протестот пред Владата по повод францускиот предлог за отпочнување на евроинтеграциите и прифаќање на условите наметнати од Бугарија.

Претходно тој се огласи на социјалните мрежи и порача дека го отфрла францускиот предлог во оваква форма.

-Со вакво „решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија!, смета Иванов.