Францускиот предлог е прифатлив за претседателот на државата. Доколку биде прифатен нема да биде ниту триумф, но ниту дебакл – туку станува збор за транзициски компромис. Според Пендаровски предлогот од Париз со ништо не го поткопува македонскиот идентитет, а ќе се овозможи формално започнување на преговорите по 17 години чекање.

Но Пендаровски со барање до Владата, ако го прифатат предлогот, да се внесе пасус во кои ќе стои дека доколку во периодот дури траат преговорите некој се обиде повторно да дискутира за македонскиот јазик и историја, самите да се повлечеме од тие преговори.

Според Пендаровски, целата ситуација е со исклучително високи политички тензии во земјава, но не верува, како што рече, дека станува збор за одлука која ќе ги дефинира идните генерации македонски граѓани.