Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР!, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски споделувајќи фотографија.

Демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог вечерва беа нападнати со стаклени шишиња и камења од група кај плоштадот Скендербег, по што полицијата тргна да реагира.

Во групата имаше и вооружено лице кое во раката држеше пиштол.