Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вели дека полицијата потфрли со обезбедувањето на протестот. Според него, бандите на ДУИ пукаа кон демонстрантите.

Вели дека Владата свесно ја води Македонија кон граѓанска војна.

Група од неколку лица ја нападна толпата со камења, шишиња кај плоштадот Скендербег, а имаше и пукање. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави фотографија од човекот кој пукаше.