Финалето на четвртата сезона на хит-серијата „Stranger Things“, врати уште еден музички класик на врвот на топ листите, исто како што минатиот месец се случи со „Running Up That Hill“ на пејачката Кејт Буш.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Во последната епизода од оваа сезона, Еди Мансон, додека се обидува да се бори против главниот негативец на сезоната, демонот Векна, ја свири „Master of Puppets“ од легендарните „Metallica“. На социјалните мрежи беше наречена како една од најдобрите сцени од целата серија бидејќи многу гледачи биле воодушевени кога виделе дека хеви металот ги добива своите 15 секунди слава.

Песната беше објавена во 1986 година на истоимениот албум и во тоа време го достигна 29-тото место на топ-листата на „Billboard“, а сега, благодарение на серијата е на 26-то место на глобалната топ 50 листа на „Spotify“.

„Master Of Puppets“ беше издаден на 24 февруари 1986 година и беше првиот албум на бендот по склучувањето договор со големата издавачка куќа „Elektra Records“, и оттогаш беа продадени над шест милиони примероци во САД. Тоа е, исто така, беше последниот албум со басистот Клиф Бартон, кој подоцна истата година почина во автобуска несреќа на турнејата.

Членовите на бендот веројатно ќе заработат добри пари од вклучувањето на песната во финалето на „Stranger Things“.

Имено, Кејт Буш од почетокот на четвртата сезона на „Stranger Things“ заработила повеќе од 2 милиони долари хонорар. Достигнувајќи сосема ново ниво на популарност по појавувањето во серијата, „Running Up That Hill“ собори три светски рекорди.