Деновиве во Њујорк папараците ги фотографираа актерот Хју Џекмен и неговата 13 години постара сопруга Дебора Ли Фурнес.

Колку и да се труди, легендарниот актер Хју Џекмен да го скрие својот приватен живот од очите на јавноста, понекогаш неговиот љубовен живот доаѓа до израз. Овој пат папараците го фотографираа како се шета со сопругата Дебора по улиците на Њујорк.

Дебора беше во црна спортска комбинација, а насмевката не ја тргаше од лицето. Актерот беше во бело издание, а маичката со кратки ракави со натпис „насмеан човек“ ги истакна неговите мускулести раце.

Да потсетиме, Хју и 13 години постарата актерка Дебора се венчаа во 1996 година. Парот се запозна една година порано на снимањето на австралиската телевизиска серија „Корели“, во која и двајцата глумеа, а денес се родители на две посвоени деца.

Пред сè, најтешко беше сознанието дека јас и мојата сопруга не можеме да имаме биолошки деца. Кога се постави прашањето дали сакаме да посвоиме дете или да одиме на инвитро-оплодување, не размислувавме. Морам да кажам дека, иако процесот на посвојување беше навистина тежок, депресијата веднаш исчезна и сега сме најсреќните родители на нашите 17-годишниот Оскар и 12-годишната Ив. Не ги сметам за посвоени. Тие се наши деца“, изјави актерот пред неколку години.

И покрај разликата во години, тие важат за еден од најскладните познати парови, но јавноста често е многу безмилосна кон нив, особено неговите обожавателки, кои често коментираат дека актерката повеќе личи на неговата мајка, а помалку на сопруга.