Пејачката и претприемач е првата милијардерка во земјата која изградила сопствено богатство.

Ријана е официјално најмладата милијардерка во Америка која го изградила своето богатство од нула. Пејачката по потекло од Барбадос постигна меѓународен успех со песната SOS, објавена на нејзиниот втор албум и оттогаш не застанува. Таа продолжи да пишува и снима многу успешни песни како што се Umbrella, Don’t Stop the Music и да прави соработки со уметници како Еминен за песната Love the Way You Lie. Но, пејачката не се фокусираше само на музиката, таа учествуваше во многу различни проекти, ангажмани, па дури и создаде своја бизнис линија.

Според магазинот Форбс, имотот на пејачката и претприемачка изнесува дури 1,36 милијарди евра (1,4 милијарди долари). Минатиот април, истото списание ја вклучи на годишната листа на американски милионери и моментално е рангирана на 21 место меѓу најбогатите жени во Америка кои изградиле богатство „со свои раце“, а ѝ претходат други жени претприемачи кои се многу постари од неа, со што го зема приматот на најмладата меѓу сите нив. Како што веќе споменавме, наследството не произлегува само од нејзината музика, со која освои 9 Греми награди, туку и од специфичен претприемачки избор – козметичка линија со име Fenty Beauty основана во 2017 година. А да не зборуваме на бројните соработки што ги има направено со луксузни брендови. Таа основала и здружение чии приходи одат за оние кои боледуваат од СИДА. Пејачката отсекогаш била многу активна на полето на солидарноста нудејќи свој придонес. Накратко, Ријана се искачи на топ листите за музика и претприемништво, докажувајќи дека може да ја постигне секоја поставена цел.