Новак Ѓоковиќ денеска по седми пат триумфира на Вимблдон со што дојде до 21 гренд слем трофеј во кариерата, но и покрај тоа ќе доживее пад на утрешната АТП ранг-листа.

Поради одлуката на организаторот да забрани учество на руски и белоруски тенисери, АТП донесе одлука оваа година да не се освојуваат бодови на Вимблдон.

Згора на тоа, АТП одлучи и да ги избрише бодовите освоени минатата година. Поради тоа Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што го освои трофејот, ќе остане и без 2.000 бодови за минатогодинешниот триумф и на утрешната АТП ранг-листа, Србинот од третото ќе падне на седмото место.