Од роденденска забава до живот во опасност. По 18 часа потрага денеска е пронајден 30 годишниот Иван кој вчера исчезна во морето кај Посиди во Грција откако беше одвлечен од морските струи.

Тој заедно со уште двајца другари дошле во Халкидики да прослават роденден на еден од нив, по што следел вистински хорор. Дел од капачите кои биле присутни на местото на настанот ги виделе момчињата дека нурнале во морето и исчезнале и ги известиле крајбрежната стража и воздухопловните сили по што веднаш почнале со потрага . По два часа во вода, вчера сурфер го спаси момчето на возраст од 25 години, а сѐ уште се трага по нивниот 28-годишен пријател.

Градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа објаснила дека конкретната плажа ја избегнуваат локалните жители бидејќи е многу опасна поради силните морски струи.

Од македонското МНР соопштија дека дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи.

– Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на загрозените наши државјани, и стои на располагање за секаква помош. Потрагата на грчката крајбрежна служба продолжува за пронаоѓање и на третиот исчезнат. – велат од МНР.

Продолжува потрагата на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери за пронаоѓање на последниот од тројцата исчезнат, односно 28- годишен македонски државјанин.