Спасувачите трагаат по преживеани во петкатница во источниот украински град Часив Јар, кој беше уништен од руската армија во ракетен напад. Во нападот загинаа најмалку 15 лица.

Павло Кириленко, гувернер на регионот Доњецк, изјави дека ракетниот напад се случил синоќа. Од под урнатините извлечени се пет лица, а регионалните служби за итни случаи наведуваат дека под урнатините останале затрупани уште 24 лица.

Часив Јар се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од Краматорск, град кој се очекува да стане значајна цел на руските сили во нивната офанзива на запад.