Италијански воени бродови почнаа да ги евакуираат првите 600 мигранти од сицилијанскиот остров Лампедуза, откако центарот за идентификација на бегалци се преполни со новопристигнати, а се појавија и снимки од лошите услови.

Италијанскиот воен брод „Сан Марко“ мигрантите од Лампедуза ги пренесе до друг центар на Сицилија, од каде ќе бидат пренасочени на други места во Италија, соопшти италијанските власти.

Овој месец е забележан постојан пораст на мигрантите кои пристигнуваат во Италија во споредба со претходните години.

Од јануари досега, 30.000 луѓе бараат статус на бегалци, наспроти 22-те илјади во истиот период лани.