Две девојки на возраст од 21 година од Гостивар се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила помеѓу автомобилот во кои се превезувале и возило во сопственост на МВР.

Несреќата се случила утрово во 04.20 часот на крстосница од ул.„Седек Костоски“ со ул.„Б.Блажески“ во Гостивар.

Девојките биле сопатнички во автомобил управуван од нивна врсничка, која не се здобила со тешки повреди во несреќата.

Во возилото на МВР имало двајца полициски службеници кои, истотака, поминале со полесни повреди.

Известен е Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.