Годишната стапка на инфлација во еврозоната се искачи на 8,6 отсто во јуни, достигнувајќи ново највисоко ниво откако статистичкиот завод на Европската унија, Евростат, почна да ги следи податоците, пренесуваат агенциите.

Според податоците на Евростат, годишната инфлација во 19-те земји кои го користат еврото скокна над претходниот рекорд од 8,1 отсто, постигнат во мај.

Годишната инфлација во јуни 2021 година изнесува 1,9 отсто.

Најголемо влијание врз годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни има енергијата со 2,8 процентни поени (п.п.), потоа храната, алкохолот и тутунот (1,88 п.п.), услугите (1,42 п.п.) и неенергетските индустриски производи (1. 15 п.п.), според Евростат.

Највисоки годишни стапки се забележани во Естонија (22 отсто), Литванија (20,5 отсто), а најниски во Малта (6,1 отсто) и Франција (6,5 отсто).