Речиси 5.000 фирми ставиле клуч на врата за шест месеци, покажуваат податоците од Централниот регистар. Најголем дел од нив се од трговијата, објекти за сместување, но и од преработувачката индустрија. Иако бројката е слична како и претходните години, од бизнисот предупредуваат дека годинава ќе биде поголема. Глобалната криза наместо да спласнува се засилува, неизвесноста е голема, поради што очекуваат во следните месеци и други компании да згаснат.

Не се оптимисти ниту дека Владата ќе донесе некакви мерки. Велат буџетот е исцрпен уште со пандемијата. Парите наместо за помош, сега ќе се насочат за враќање на кредити со високи камати.

Првиот удар бизнисот го доживеја со пандемијата, а потоа проблемите се продлабочија со појавата на енергетската криза која драстично ги зголеми трошоците на фирмите, но и со разгорувањето на руско – украинскиот конфликт.