Група германски лекари позираа голи за да привлечат внимание во недостаток на заштитна опрема.

Нивниот протест го нарекоа „Бланке Беденкен“ и велат дека се изложени на голем ризик од коронавирусот, а со месеци сите ги игнорираат нивите повици за помош.

Еден од докторите, Рубен Бернау, општ лекар, за “Ärztezeitung“ вели дека тој и неговиот тим со месеци работат со недостаток на опрема.

Вели дека голотијата симболизира колку сме ранливи без заштита.

Лекарите позирале во нивните ординации криејќи ги интимните делови од телото со хартијата, тоалетна хартија и блоковите за рецепти.

Кристијан Рахенвалд, исто така општ лекар, вели дека инспирацијата за овој протест потекнува од францускиот лекар, Ален Колумби, кој прв пат беше фотографиран во неговата ординација од истите причини.

– Зошто треба да ги шиеме маските? Зошто немаме опрема? – прашуваат германските лекари, додавајќи дека сакаат да продолжат да ја извршуваат својата задача, но заштитени.

Германските производители на заштитна опрема го засилија производството, но сè уште има недоволна опрема и лекарите постојано се во недостаток на снабдување со маски, очила, ракавици, престилки и друга неопходна опрема. Состојбата на заштитната опрема варира во зависност од регионот. Недостатокот на опрема најмногу ги погоди областите на Северна Рајна-Вестфалија и Баварија.