Што ќе се случи во вашето тело доколку не пиете доволно вода додека вежбате?
Многумина од вас мислат дека е лошо да пиете вода за време на тренингот, но научниците и професионалните спортисти мислат поинаку: неопходно е да пиете вода додека вежбате.

Докажано е дека спортот има подмладувачки ефект за вашата кожа. На вашето тело му е потребна вода за да се овозможи циркулирање на крвта во телото.

Некои луѓе сметаат дека доколку не пијат вода за време на тренингот – побргу ќе го изгубат вишокот на килограми, но ова е најголемиот мит. Доколку не пиете вода, значително помалку ќе го потрошите вишокот на масните наслаги, а нормалната циркулација на крвта е загрозена бидејќи имате недостаток на вода.

Освен тоа, непотребните токсини ќе останат во вашето тело. Додека вежбате и пиете вода, вашето тело се ослободува од токсините преку потта. Доколку не пиете доволно вода, потењето нема да биде толку интензивно и вишокот на токсини ќе остане во вашето тело.

Исто така, може да дојде до згутчување на крвта што доведува до тахикардија, тешкотии со дишењето и висок крвен притисок.

Имено, телото се состои од 50 отсто вода која помага при регулација на температурата и циркулацијата. За време на изведување на вежбите за тело, нормално е да се почувствува блага дехидрација, бидејќи телото преку потта ослободува течност, но шишето со вода секогаш треба да биде до вас.

Научниците велат дека ладната вода значително го одложува и намалува зголемувањето на телесната температура при вежбање, а исто така ја зголемува и издржливоста.

Додека вежбате се препорачува да консумирате 150 до 250 милилитри вода на секои 15 до 20 минути.