Синот на пејачката Туна слави роденден. Пејачката, нејзиниот партнер Патрис Бериша и Тиан со фотосесија се пофалија за третиот роденден. А фотографиите мама Туна ги сподели со следбениците на Инстаграм.

По породилното отсуство, Туна ѝ се врати на музиката, но повеќе е активна на албанската и на косовската естрада.

Туна се прослави во музичкото шоу „Плеј-потрага по ѕвезда“ со нумерата „Најди ден, најди ноќ, најди време“. Сними повеќе песни на македонски јазик, а се натпреваруваше и на националниот евровизиски избор со песната „Прашувам без глас“ пред комплетно да се повлече од македонската естрада.