Хелена Сегер, сопруга на прославениот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, ни малку не личи на класичните жени на фудбалерите, кои секојдневно ги гледаме на социјалните мрежи.

Таа е 11 години постара од Златан. Успешна бизнис жена е и многумина сметаат дека е заслужна за одличните инвестиции на Ибрахимовиќ, кои го направија еден од најбогатите спортисти на светот.

Кога го запознав Златан, имаше 21 година, а јас 32. Имав кариера и богатство и не ми требаше фудбалер за да ме храни. Бев самостојна, а тој дури и не беше мој тип на маж. Прв пат кога го видев, го загради со своето Ферари, мојот Мерцедес. Ги видов само неговиот голем нос и златниот часовник на раката. Бев лошо расположена и викав на него. Мислам дека тоа му се допадна – открила Хелена.

Хелена и Златан имаат два сина.