Во емисијата „Хит твит“ која се емитува на „Пинк“ гости беа Жељко Митровиќ, Чедо Јовановиќ, докторката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Тема во емисијата беше пандемијата и се уште присутната опасност од коронавирусот.

Водителката на почетокот ги поздрави гостите, па се обрати на Цеца.

„Госпоѓо Ражнатовиќ дали тешко ви падна изолацијата“ праша водителката.

„Претходната власт ме истренира, ме затвараа во разни акции, така да јас бев подговтвена за овој карантин“ изјави Цеца.

„Дали го познавате господинот Јовановиќ?“ праша водителката.

„Јас не го познавам, а тој ме апсеше“, одговори пејачката.

„Мислам дека не е тема вашето апсење“ одговори Чедо.

„Јас мислам дека е, јас сум жена, живеем со сестра ми и децата. Ми дојдовте дома со 150 полицајци, само требаше да ми се јавите“ продолжува Цеца.

„Уапсени сте поради сомнеж дека знаевте дека се подготвува атентат на премиерот, како и дека сте вмешани во киднапирањето на вашиот кум Жељко Митровиќ“ изјави Чедо Јовановиќ.

„Како прво, Жељко не ми е кум. Вие ги познавате сите тие луѓе, зошто вас не ве уапсија?“ додаде Цеца.

„Затоа што не учествував во организацијата“ одговори Јовановиќ.

„А јас учествував?“, праша Ражнатовиќ, па водителката го прекина овој разговор и премина на друга тема.