Големото музичко натпреварување, Евровизија, се одржа синоќа, но сосема различно од претходните години, поради епидемијата на коронавирусот.

Водителите ја отворија вечерта поздравувајќи ги Европа и Австралија, која веќе неколку години се натпреварува.

Она што годинава се разликуваше е што всушност немаше натпреварување меѓу претставниците на државите, односно нема победник, а учесниците испратија пораки од своите земји.

Македонија ја претстави Васил Гарванлиев:

„Добро вечер Европа! Отворете ги срцата да прославиме вечер полна со љубов. Вечерва сите сме победници. Иако ја немав можноста да застанам на евровизиската сцена и да ја преставам Македонија во Ротердам, многу сум горд што сум дел од вечерашното шоу Europe Shine a Light. Ова е само почетокот! Ве сакам“, вели Васил.