Вчера во 11:30 часот на ул.„28“ во населба Илинден, Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 38-годишниот В.Љ. од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, а постапувајќи по претходна пријава на 59-годишниот С.К. од Скопје кој пријавил дека околу 09:00 часот во близина на место викано „Плац“ во населба Илинден го навредувал и со нож му се заканил по неговиот живот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информира МВР.