Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека Соединетите држави се повлекуваат од Договорот за отворено небо.

Тие им овозможуваат на „30-плус“ државите да спроведат невооружени летови за набудување над нивните територии, кој беше потпишан пред 18 години со цел да се промовира доверба и да се спречи конфликтот.

Според АП, Вашингтон се повлекува од Договорот, затоа што Русија наводно го крши пактот, а сликите собрани за време на летовите можат да се добијат брзо и поевтино од американските или комерцијалните сателити.

Излезот од договорот се очекува да ги заостри односите со Москва и да ги вознемири европските сојузници и некои членови на Конгресот, според АП.

Американскиот претседател Двајт Ајзенхауер првпат предложи Соединетите држави и поранешниот Советски сојуз да дозволат летање со воздушни извидувања над нивните територии во јули 1955 година.

Москва првично ја отфрли идејата, но претседателот Џорџ Буш ја оживеа во мај 1989 година, а договорот стапи на сила во јануари 2002 година.

Во моментов, 34 земји се потписнички на договорот.

Според договорот, беа извршени над 1.500 летови, чија цел е зајакнување на транспарентноста во воените активности и помагање при контрола на оружјето и други договори.

Сите држави во рамките на договорот се согласија да ја направат целата своја територија достапна за летови за надзор, но Русија има ограничено летови над одредени области, според АП.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, се огласи за вестите дека Вашингтон ќе се повлече од Договорот за отворено небо.

Тој посочи дека руската страна не го крши тој Договор на кој било начин, пренесува Спутник.

„Сите прашања што ги покренаа Соединетите држави кога станува збор за Договорот за отворено небо можат да бидат разгледани во рамки на Консултативната комисија“, рече Грушко, додавајќи дека Русија исто така има забелешки за исполнување на одредбите од Договорот од страна на Соединетите држави, но дека сите тие се технички проблеми.

Руското Министерство за надворешни работи истакна дека ваквиот потег на Вашингтон го поткопува фундаменталниот договор што ја зајакнува безбедноста во Европа.