Возач на‘’ренџ ровер’’прекршил полициски час и не зстанал на полициска наредба. Имено, за време на полицискиот час, синоќа, околу 21 и 20 часот, на тетовската улица ‘’Илинденскa’’, полициски службеници дале знак за запирање на возилото ‘’ренџ ровер’’ со скопски регистарски ознаки.

Возачот не застанал на наредбата и продолжил да вози кон Гостивар.

Во 21.40 часот на наплатната рампа кај Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија пат“.

Според информациите наа МВР, по наредба на јавен обвинител, на лицето ќе му биде издаден платен налог по член 211 став 4, кој предвидува казна од 300 евра за возачите кои не се придржуваат до наредбите на униформирани полициски службеници.