На секој што ќе влезе на територијата на Србија, повеќе не е неопходно да има негативен тест за коронавирус, ниту дозвола од комисијата.
        
Со одлука на Владата на Србија и по препорака на Кризниот штаб, ниту на српските, ниту на странските граѓани не им треба негативен тест за коронавирусот за да влезат во земјата, а самоизолацијата од 14 дена не е задолжителна.
        
Сите лица коишто влегуваат на територијата на Србија ќе добијат здравствени предупредувања во кои се вели дека влегуваат во област каде се уште циркулира вирусот, како и совети за спречување на инфекцијата.