Во изминатите 24 часа, се потврдени нови 23 случаи на новиот коронавирус, од кои најмногу се регистрирани во Скопје – 12 случаи во Скопје, по четири нови има во Куманово и во Тетово, два во Прилеп и еден случај во Неготино, информира Министерството за здравство.

Оттаму велат дека денеска во болницата „8-ми Септември“ во Скопје починал 47-годишен пациент од Тетово, кој има и други здравствени заболувања, односно хронии болести. Починал само еден ден откако бил  хоспитализиран, по што му бил направен корона тест кој покажал дека е позитивен.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се примени осум нови пациенти, а моментално се хоспитализирани вкупно 56 пациенти. Од нив, потешко болни и на кислородна поддршка се 32 лица, а критично болни и на механичка вентилација се двајца пациенти. Во болницата „8-ми Септември“, се хоспитализирани шест лица во последните 24 часа.