Познатиот босански музичар Дино Мерлин стана дедо за првпат. Имено, како што дознава „Дневни аваз“, неговиот прв внук дошол на свет пред неколку дена, кога се породила сопругата на неговиот син Хамза, Џенета Табаковиќ-Дервишхалидовиќ.

На новороденчето му го дале името Незир, по името на таткото на сопругата на Дино, Амела

– Мајката и бебето веќе се дома и се чувствуваат одлично. Честитки пристигнуваат од сите страни – изјавил извор за „Аваз“.

Инаку, синот на Дино Мерлин, Хамза, лани се ожени со Џенета по седумгодишната врска.