Силно невреме ја зафати Грција. 

Во северниот дел на земјата улиците личат на реки, a многу домаќинства се без струја. 

Зафатени со невремето се Халкидики, Солун, Килкис, Серес и Ксанти. Пожарникарите спасиле едно 21-годишно момче на кое невремето му го однело автомобилот.

Медиумите од Грција пишуваат дека се забележани 6.700 громови.

Во Пожарникарната бригада во Солун имало повеќе од 100 повици да се испумпа водата од домовите и подрумите.

Метеоролозите велат дека дождовите ќе продолжат, најголем дел на Крит, а невремето би требало до вечер да се смири.

На почетокот на оваа година силно невреме имаше на еден од најскапите грчки острови, Миконос.  Овој дел од Грција беше опустошен.

Лани во текот на ноември, страшно невреме однесе и жртви во Грција.