Најмалку 90 лица загинале во падот на авионот на воздухопловната компанија Пакистанки меѓународни авиолинии (PIA) крај Карачи, пренесува телевизијата Bol News, повикувајќи се на пакистанскиот министер за воздухопловство Гулам Сарвар Хан.

Според податоците на телевизијата, на земјата се уништени пет куќи и неколку автомобили.

Како што објави портпаролот на пакистанската Управа за цививлно воздухопловство (CAA), со авионот од типот „Airbus A320“ се превезувале 91 патник и седим членови на екипажот.

Властете на покраината Синд соопштија дека падот го преживеале најмалку две лица. Настрадани, исто така, имало и на земјата, но не се известува за поединости.

Авионот на летот PK 8303 од североисточниот град Лахоре до јужниот Карачи, според интернет сервисот Flightradar24, час и половина по полетувањето, започнал со слетувањето, но процесот бил прекинат на надморска висолина од 84 метри. Во 12,40 часот по локално време авионот исчезнал од радарите.

Подоцна беше објавено дека авионот се урнал врз населба во близина на аеродромот крај Карачи. Засега не се познати причините за трагедијата.

„Последното што го слушнавме од пилотот е дека има технички проблеми. Пред приближувањето му кажавме дека двете писти се слободни, но тој одлучи да направи круг. Ова е многу трагичен инцидент“, изјави претходно портпаролот на PIA, Абдула Кан.

Функционер на агенцијата за воздушен сообраќај за Reuters рекол дека се чини дека авионот не успеал да ги спушти тркалата пред слетувањето, но дека е прерано да се зборува за вистинската причина за несреќата.

„Авионот прво удри во телекомуникациска кула а потоа падна преку куќите“, изјавил очевидецот Шакеел Ахмед.