Вчера вечерта во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа повторно гостуваше аналитичарот Виктор Грозданов, кој по веќе најавеното второ продолжение изнесе низа шокантни информации поткрепени со документи кои ги презентираше во студиото, а кои докажуваат за хајката која е вршена врз Трансмет од страна на власта и судијата во предметот Труст кој што против Сеад Кочан и Трансмет го водеше поранешното СЈО.

Имено, Грозданов презентираше дел од документите од финансиското работење на Трансмет од каде што можеше да се види дека Трансмет како дел од конзорциумот за договорот за кој е осуден Сеад Кочан за наводна проневера на 17 милиони евра, има наплатено само осум милиони а му е конфискуван имот во вредност од над 15 милиони евра.

Грозданов исто така презентираше и картица за материјалното работење за истиот проект на кој се работело дури 23 месеци. Од картицата можеше јасно да се види дека Трансмет уредно ја завршил работата и за тоа наплатил 8 милиони евра.

Од истата картица може исто така да се види дека Трансмет имал трошоци за реализацијата на тој проект по разни основи, и тоа за гориво, плати, даноци, трошоци за сместување и храна за вработените, резервни делови, амортизација на опремата итн. и тоа во вкупна висина од околу 7,4 милиони евра.

Од се ова што беше презентирано се гледа дека реалната добивка која што Трансмет ја имал од овој проект за 23 месеци работење во тешки рударски услови изнесувала околу само 600 илјади евра, или пресметано во процени околу 7%, што значи дека Трансмет работел по реална пазарна цена и маржа која е во рамките на македонските стандарди.

Овие докази одбраната на Кочан ги презентирала на судот како и барање до судот да наложи финансиско вештачење за да точно се утврди кој од конзорциумот колку пари наплатил, и колкави се трошоците за реализација на работите. Судијата Зимбовска одлучи да не дозволи такво финансиско вештачење.

Грозданов рече дека ова не завршува тука, и најави уште неколку продолженија каде ќе се обиде да презентира уште неколку груби злоупотреби на политичката моќ на власта на СДСМ.

„ЗАСПИЈ АКО МОЖЕШ“ со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ

Gepostet von Alfa Televizija am Freitag, 22. Mai 2020