Бојан Јовановски вчера откри дека се приклучува кон кривичната пријава за поранешниот директор на Фондот за здравство  и за актуелниот министер Венко Филипче во случајот „Димаед“.

Тој вчера изнезе нови детали за овој корупциски случај за кој тврди дека во него е замешат и Јавната обвинителка Вилма Рускоска.

Тој побара надлежен јавен обвинител да го повика да даде исказ за да каже се што знае за овој случај.

-Воедно се приклучувам кон кривичната пријава н Вера Иванова за Венко Филипче и Ден Дончев-рече вчера Боки.

 Вера Иванова лани во септември поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Таа тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале од десетина милиони евра.