Веста одекна навистина како гром од ведро небо, особено затоа што на мекиците кај Цеца имаше премногу (познати) личности кои се стискаа едни до други, разменувајќи бакнежи и прегратки. Сите тие се сега упатени на тестирање. Веќе се знае дека на коронавирусот се позитивни и брачната двојка, пејачот Жељко и ТВ-новинарката Јована Јоксимовиќ.

Лоши вести за мегапејачката ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, но и за скоро целата српска естрада. После големата журка која со денови е правена по повод раѓањето на внукот на Цеца, голем дел од гостите, вклучувајќи ги и домаќините Светлана и Вељко Ражнатовиќ, се позитивни на коронавирусот. Официјално е соопштено дека после два позитивни теста фолк-ѕвездата Цеца и нејзиниот син Вељко се заразени со вирусот. Веста одекна навистина како гром од ведро небо, особено затоа што на мекиците кај Цеца имаше премногу познати личности. Сите тие се сега упатени на тестирање. Веќе се знае дека на коронавирусот се позитивни и брачната двојка Жељко и Јована Јоксимовиќ.
Со оглед на тоа дека атрактивната новинарка Јована работи во “Првата Српска телевизија“ и дека не знаејќи дека е заразена одела на работа секој ден водејќи ја “Утринска програма“, скоро целата телевизија е ставена во карантин, а добар дел од луѓето се испратени веднаш да направат тестирање.

И тоа не е сè. Покрај Цеца со корона заразен е и нејзиниот син Вељко. За среќа, од овој вирус поштедени се ќерката Анастасија, внукот Жељко и снаата Богдана. Но и без разлика на тоа, сите се во самоизолација. Нивната семејна куќа на Дедиње е под строг карантин. После толку славје, толку музика и толку многу народ, сега сè е мирно, тивко, се слуша само црцорење на птиците во дворот.

–Цеца не е во паника, но воопшто не и е сеедно.
-Постапив по сите мерки кои ми ги советуваат докторите. Од моментот кога дознав дека имам корона јас сум во изолација. Во изолација е и мојот син Вељко. Чудно е сè ова, немавме никакви симптоми, освен што бевме изморени и ненаспани, мислејќи дека ни е тоа поради неколкудневното славење за раѓањето на малиот Жељко, но не било тоа, изјави популарната Цеца.

За жал, таа сега нема да биде во состојба да ја организира роденденската журка на 14 јуни. На тој ден секоја година кај неа дома на белградското Дедиње се собираат сите нејзини пријатели, естрадни колеги, но и многубројни роднини вклучувајќи ја и сестрата Лидија со родителите од Житораѓе, родното село на Цеца. Но, коронавирусот сите планови и сите радости им ги помати. После ова кога и Цеца го фатила опасниот вирус конечно е јасно дека сите сфатиле за короната дека постои и дека е, за жал, и смртоносен вирус.