Пораннешниот пратеник од редовите на ДУИ рече дека ДУИ, со своите гласови во Собранитео, го направи Зоран Заев премиер за да го смени Уставот и името на Македонија, разговарајќи за идните постизборни коалиции за формирање Влада.

Тој во емисијата „Клик Плус“ на телевизија Тв21 истакна дека, тие како ДУИ, воопшто не се каат за тоа иако постапиле спротивно на волјата на граѓаните кои гласаа во 2016 година, затоа што со Заев постигнале многу големи работи како воведувањето на двојазичноста, така и потпишувањето на договорите за Грција и Бугарија.

Груби додаде дека тоа е причината поради која одлучиле да го поддржат и да му ги дадат гласовите на нивните пратеници во Собранието за Зоран Заев да биде премиер на Македонија.

-Со СДСМ и Зоран Заев направивме многу големи работи и ние во ниту еден момент не се покајавме. Ние бевме многу свесни кога одлучивме на Зоран Заев да му ги дадеме гласовите за да го направиме премиер. Ние го направивме Зоран Заев премиер за да го смени уставот и да го смени името. Го направивме Зоран Заев премиер за да го потпише договорот со Грција и со Бугарија, за да ја направи јазичната еднаквост. Со полна свест и убедување го направивме тој чекор кој беше различен од тоа што граѓаните имаа гласано во 2016 година, рече Груби.