ДУИ е упорна во својата кампања дека Албанец треба да биде премиер на земјава.

Дека верува во тоа денеска утрово на својот фејсбук профил напиша вицепремиерот Бујар Османи.

Тој излезе со емотивна порака до сите оние кои немаат таква верба, набројувајќи во што досега граѓаните на земјава не верувале, но тоа се остварило, за што според него, е заслужна неговата партија.

„ВЕРУВАМ!

– Оние кои не веруваат во борбата за еднаквост,
– оние кои не веруваат дека ќе се направат уставните измени од 2001 година,
– оние кои не веруваат дека албанското национално знаме ќе стане официјално,
– оние што не веруваа дека Кичево ќе го водат Албанци,
– оние кои не веруваат дека Струга ќе ја водат Албанци,
– оние кои не веруваат дека Град Скопје ќе има две албански општини,
– оние кои не веруваат дека албанскиот јазик ќе стане втор официјален јазик на државно ниво,
– оние кои не веруваат дека Универзитетот во Тетово ќе стане официјален,
– оние кои не веруваат дека Скопје ќе има државен универзитет на албански јазик,
– оние кои не веруваат дека приватниот универзитет во Штутл ќе биде поддржан од државата,
– оние кои не веруваат дека ќе се постигне договор со Грција,
– оние што не веруваат дека ќе станеме членка на НАТО,
– оние кои не веруваат дека ќе започнеме разговори со Европската Унија,
– оние кои не веруваа дека 25 илјади Албанци ќе започнат кариера во државната администрација,
– оние кои не веруваат дека државната полиција ќе дише албански,
– оние кои не веруваат дека Албанците ќе бидат во врвовите на државната армија,
– оние кои не веруваат дека слободата на изразување и критики, слободните медиуми кај Албанците ќе бидат позитивен пример,
– оние кои не веруваат дека Албанците ќе се вратат достоинствено во оваа земја,
НЕ ВЕРУВААТ ВО ПРВИОТ АЛБАНСКИ ПРЕМИЕР!“, напиша Османи на својот фејсбук профил.