Кинотеката ја збогати својата дигитална издавачка едиција со книгата „Време на игри и соништа (аматерскиот филм во Македонија од 1935 до 2011 година)“ на Илинденка Петрушева.

Петрушева се смета за дама на македонската филмска публицистика. Таа е филмски критичар, историчар на филмот, есеист… Родена е во 1944 година во Горна Џумаја, Р. Бугарија. Се школувала во Скопје и Загреб, а од 1972 година е уредник на филмската редакција во Домот на младите во Скопје (денешен Младински културен центар).

Петрушева е еден од основачите на Кинотеката на Македонија во 1974 година. Таму работи како советник-филмолог до нејзиното пензионирање, со исклучок на периодот од 1999 до 2001 година, кога е назначена за советник на министерот за култура за кинематографска и драмска дејност.