После два негативни теста во период од шест дена хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ открил дека е позитивен на ковид-19, пренесува „Јутарњи лист“.

За жал, по два негативни теста во последните 10 дена, дознав дека денешниот, трет тест е позитивен. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, објави 48-годишниот Иванишевиќ.

Тој беше директор на турнирот во Задар и еден од тренерите на Новак Ѓоковиќ, кој исто така е позитивен на ковид-19. Адрија тур во Задар беше откажан откако бугарскиот тенисер Григор Димитров откри дека е заразен со коронавирус.

По Димтров, Борна Ќориќ, Виктор Троицки и Новак Ѓоковиќ пријавија дека се позитивни на ковид-19.