Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, кој престојуваше во Гостивар, рече дека изборот на премиер Албанец ќе биде доказ дека Македонија е дел од модерната Европа и е далеку напред во регионот.

„Јас како претседател на идната Влада ќе ја стимулирам економската еднаквост кај граѓаните. Секаде кај ќе има сопственик Албанец кој ќе поттикне вработување на другите заедници и обратно, каде сопствениците се Македонци или од другите заедници, ќе стимулирам вработените да бидат од другите заедници“, рече Насер Зибери, кандидат на ДУИ за Премиер.