Приведен е триесет и шестгодишен штипјанец осомничен за шверцување мигранти. Тој на 27 јуни во 19:45 часот бил приведен во полициската станица Сопот, во близина на граничниот премин „Табановце“.

Од МВР појаснуваат дека при обид да застанат патничко возило „ауди А6“, со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, тој го напуштил местото на настанот.

„По кратко време, Ф.Ш. бил лишен од слобода, а во близина на железничка пруга, на место викано Чифлик, биле забележани 10 лица мигранти. Од нив, седум избегале, а задржани биле М.Џ. (23) од Бангладеш, А.А. (30) од Јемен и М.А. (29) од Сирија, кои потоа се сместени во Транзитен центар ‘Табановце’, додека Ф.Ш. им е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“,

се наведува во соопштението од МВР.