Александар Николоски, носителот на ВМРО-ДПМНЕ изборната единица 4, на фејсбук објави видео спот и  напиша дека добил поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов, неговиот професор од студентските денови од кого научил многу за политиката.

-Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија, напиша тој.

Средба со Претседателот Ѓорге Иванов, горд сум на неговaта поддршка

Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија!

Gepostet von Aleksandar Nikoloski am Montag, 29. Juni 2020

https://m.facebook.com/NikoloskiA/videos/1176630532687180/