За 4 месеци регистрирани се 6209 случаи со Ковид-19 во земјава. Повеќе од половина од случаите се активни случаи, вкупно 3484. Во последните 24 часа има 132 нови случаи а 12 лица ја загубиле битката со Ковид-19. Повторно најголем број од случаите се во главниот град, 57.

„Во изминатото деноноќие се евидентирани 132  нови случаи Ковид-19. Скопје 57, Тетово 19,Штип со 13, Куманово 10, Прилеп-7, Гостивар -6, Охрид -5, Велес -4, Струга 3, Пробиштип и Свети Николе по два нови случаи и по еден во Битола, Кавадарци и Ресен. 12 пациенти починале од Ковид-19, а 112 оздравеле“ стои во соопштението од Министерството.

Вирусот е се уште активен вели министерот за здравство Венко Филипче, меѓутоа се уште не е потврдено дали оздравените лица можат повторно да се заразат. Тоа им се случило на две вработени во Кумановската болница кои иако пред два месеца го прележале вирусот, сега повторно им се појавиле симптоми  за кои се сомнева дека имаат корона. Според Филипче станува збор само за еден случај кој се уште не е потврден.

Филипче порача заразените лица кои се во државен карантин да примаат терапија само во консултација со матичен лекар. Инаку во центарот Ковид 2, или Козле се хоспитализирани и20 инфицирани пациенти. Министерот за здравство вели дека болниците се уште имаат капацитет да примаат нови пациенти.