Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ ДУЕЛ на телевизија 24, истакна дека политичарите го окупирале судството, укажувајќи дека тоа мора да се промени.

-Во сите истражувања на јавното мислење правосудството и правдата кај граѓаните практично претставува најголем проблем. Луѓето се чувствуваат обесхрабрени, луѓето се чувствуваат запоставени и тоа не е затоа што системот  некако им го направил тоа. Едноставно имам чувство како народот да верува дека токму политичарите се тие кои што сето тоа го имаат сработено. И поради мислењето кое што го имаат политичарите  и во обвинителството и во судството се случуваат тие работи кои што им се случуваат на нашите сограѓани, посочи Мицкоски

Денеска вие имаме луѓе кои што за обична парнична постапка кога ќе дојдат во суд се чувствуваат обесправени, понижени од самата институција бидејќи морате да седнете да се договарате, да видите дали имате некој близок, па ваква или таква пресуда и тоа не е проблем на авторитет, тоа е проблем на искуството. А искуството се гради врз основа на тоа што се случувало во минатото, вели Мицкоски.