На крај од вечерашниот дуел помеѓу лидерите на најголемите политички партии, во емисијата “Отворено студио” на телевизија 24, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека има уште помалку од две недели до изборите и граѓаните ќе одлучат помеѓу криминал и обнова.

После целото интервју вечерва, откако Заев призна многу криминали и факти за ТРАС-ТРАС судството, дека пријавил афера “Рекет” и не добил никаков записник, ниту документ, дека човек пред суд призна оти сите рекетирани пари во оваа држава завршуваат кај Заеви и порача “барајте ги кај нив”, исто така и дека Заев зел 300 илјади евра од анти-НАТО црногорски бизнисмен според Мицкоски, ќе доведат до дебакл на СДСМ на овие избори и народот ќе се одлучи за обнова и за нова иднина на Република Македонија.

-Криминали, афери, рекети, “трас-трас” судство, станавме познати во светот по хибриден режим, бомби во кои се слуша како Заев го навредува сопствениот народ и името на нашата држава, тргува со името, јазикот и нашите јунаци од минатото, ја губи битката со коронавирусот и што уште не. Затоа граѓаните на овие избори ќе изберат обнова, наместо криминал, рече Мицкоски.