Посетителите на плажа во Јужна Каролина присуствувале на неверојатен настан: виделе орел кој од океанот „зграпчил“ ајкула и потоа одлетал со неа.

На снимката која се прошири на социјалните мрежи се гледа орелот кој се спушти до површината на океанот, ја зграпчи ајкулата со канџите и потоа ја прелета плажата.

Жената која го снимила настанот навела дека ајкулата била голема околу два метри и дека орелот без никакви проблеми летал заедно со неа, како да станува збор за некоја мала златна рипка.