Атиџе Муратова, ѕвездата од „Медена земја“ ја сними својата прва студиска песна „Покрај река Брегалница“. Оваа вест ја објави кинематограферот Самир Љума, кој сподели и фотографија од Муратова од студио.

И во документарниот филм Муратова не ја криеше својата љубов кон музиката. Како што пренесува Радиомоф.мк, токму темата на нејзината прва студиска песна таа сакала да ја испее на оскарите, доколку документарецот го добиеше највисокото признание.