Фолк пејачката Сузана Гавазова важи за една од најатрактивните и најпровокативните. За неа годишното време и температурите не играат никаква улога кога е во прашање покажувањето на повеќе гола кожа, а тоа особено доаѓа до израз со високите летни температури.

Гавазова по неколкугодишен живот во Шведска, се врати да живее во Македонија, а со тоа да биде и поактивна на музичката сцена. Таа во екот на пандемијата беше меѓу ретките што сними песна и спот за „Апсолутно мој“, а периодов најмногу е посветена на онлајн концертите на социјалните мрежи.