Ива Гргуриќ, атрактивната хрватка победи во последната, трета сезона на реалното шоу „Задруга“ кое по десет месеци му дојде крајот.

Во финишот, Ива доби над 40 проценти од поддршката на публиката додека не криеше дека е пресреќна што стигна до крајот.

– Пресреќна сум, неописливо чувство. Срцето ми чука – возбудено рече, откако го освои првото место, Ива, а нејзината мајка, која беше до неа, истакна дека верувала дека нејзината ќерка ќе стигне до финалето.

Откако влезе во „Задруга“, за време на презентацијата, таа изјави дека „нема конкуренција“, дека е крајно комуникативна и дружељубива и влегува во реалното шоу со цел да „крене прашина“.

Ива беше поврзана со Саша Поповиќ, кој е лидер на „Гранд“, но тој негираше, а неодамна се појавија и информации дека Ива ќе мора да избега кај нејзината мајка заради заканите на нејзиниот поранешен.